Корисничко име Лозинка Пријави се
19.9.2017

Хорор повреда на капитенот на Штутгарт

Фудбалскиот клуб Штутгарт соопшти дека неговиот капитен Кристијан Гентнер целосно ќе закрепне од тешката повреда на лицето. Гентнер се здоби со тешка повреда на очната дупка, фрактура на носот и на горната вилица во текот на натпреварот со Волфсбург во Бундеслигата.

Тој се повреди по судирот со голманот Кун Кастелс, откако со главата удри во неговото колено. Гертнер веднаш се онесвести, поради што натпреварот беше прекинат, а по интервенцијата на лекарите, на носилки беше изнесен од теренот и одведен во болница.
Штутгарт соопшти дека на 32-годишниот капитен наскоро ќе му биде извршена операција.
Михаел Решке, спортскиот директор на Штутгарт, изјави дека повредите се тежок удар за капитенот и дека му посакува што побрзо да закрепне.

Најнови вести