Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2018

Штутгарт го отпушти тренерот

Германскиот бундеслигаш Штутгарт соопшти дека Ханес Волф веќе не е тренер на клубот.

Одлуката за смена на Волф следеше по вчерашниот пораз од Шалке со 2-0 по кој Штутгарт падна на 15-тото место на табелата со само три бодови повеќе од местото кое води во бараж за опстанок.
„По интензивните разговори доцна синоќа, во кои е анализирана актуелната ситуација, донесена е одлука Ханес Волф веќе да не е тренер на Штутгарт“, се вели во соопштението на клубот.
Покрај Вулф, Штутгарт го отпушти и неговиот стручен штаб.
Одлуката за неговиот наследник како што е додадено ќе биде донесена во следните денови.

Најнови вести