Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2016

Гроскројц потпиша за Штутгарт

Штутгарт се засили со досегашниот крилен играч на Галатасарај, Кевин Гроскројц, кој минатата сезона играше за Борусија Дортмунд.

Германскиот тим во соопштението наведе дека Гроскројц ќе го носи дресот со број 15. Тој може да игра и на позицијата бек но и на позицијата крило, на двете страни од теренот, но примарно на левата страна.
„Воодушевен сум од својата нова задача и со тоа што ќе го запознам целиот тим“, изјави 27-годишниот фудбалер за интернет страницата на клубот.
Тој минатата сезона замина од Дортмунд во Галатасарај, но не успеа да се наметне во текот на полусезоната во турската екипа.
За Дортмунд одигра 178 натпревари, постигна 23 гола, а намести 27, освои две титули како првак на Германија, како и еден куп во текот на шесте сезони во клубот од својот роден град, меѓутоа новиот тренер Томас Тухел пред сезоната му соопшти дека не се вклопува во неговите планови.
Беше член на репрезентацијата на Германија која во 2014 година го освои Светското првенство, но не влезе во игра.

Најнови вести