Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2016

Ебуе стана „црна мачка“

Некогашниот фудбалер на Арсенал Емануел Ебуе се врати на Островот и потпиша договор до крајот на сезоната со Сандерленд.

Ебуе месец дена тренираше со англискиот тим, во кој доаѓа како слободен играч.
Овој 32-годишен десен бек од Брегот на Слоновата Коска од летоска е без ангажман кога го напушти Галатасарај.
Тој од 2005 до 2011 година за Арсенал одигра 214 натпревари и постигна 10 голови, по што замина во Галатасарај.
Ебуе ќе дебитира на 20-ти март во локалното дерби меѓу Њукасл и Сандерленд на „Сент Џејмс парк“.
Фудбалерите на Сандерленд се наоѓаат на 17-тото место на табелата во Премиер лигата, само еден бод над опасната зона во која се Норвич и Њукасл.

Најнови вести