Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

И Арсенал се израдува

После поразите во првите две кола, дојде редот „топчиите“ да слават

Арсенал го доби лондонскиот дуел против Вест Хем со 3:1 и ги освои првите три бода сезонава во Премиерлигата. Вест Хем поведе со 1-0, но потоа „топчиите“ успеаја да направат пресврт, иако дури во 92 минута дефинитивно ја потврдија победата. Арсенал има серија од 19 меча по ред на кои не одиграл нерешено. Од друга страна, Вест Хем веќе по трети пат во последните десет сезони, стартува со три порази едноподруго. 
Овој меч на „Емирејтс“ беше единствениот од оние што почнаа во 16 часот, на кој немаше црвен картон. Судиите попладнево покажаа четири црвени картони на три меча. 
Борнмут и петти меч по ред не знае за пораз, откако се спаси во дуелот со Евертон. Гостите водеа со 2-0, но пет минути му беа доволни на Борнмут да изедначи на 2-2, а изедначено беше и по бројот на црвени картони (1-1).
Немаше голови на средбата Хадерсфилд – Кардиф, а домашните половина час играа со човек помалку. Прекрасниот гол на Хери Мегваер во 92. минута, му донесе триумф на Лестер на гостувањето кај Саутемптон. Тимот од југот на Англија поведе, но потоа Лестер изедначи, Саутемптон остана и со човек помалку, и за малку не се избори за нерешено. 

 

Најнови вести