Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Рајт: Ова е исклучително тежок и тажен ден за Арсенал

Легендата на Арсенал, Јан Рајт им се приклучи на навивачите на „топчиите“, кои се спротивставуваат на понудата на а мериканскиот бизнисмен Стен Кренке да биде комплетен сопственик на лондонскиот клуб

Кренке денеска испрати понуда тешка 600 милиони евра за да го откупи делот на Алишер Усманов, на што речиси без исклучок се спротивставија навивачите на Арсенал и поголем дел од легендите на клубот.
„Ова е исклучително тежок ден за сите на кои при срце им е Арсенал“, напиша на Твитер, Јан Рајт.
Кренке има 67 посто од акциите, односно моменто го владее управувачкиот пакет на акции во клубот, а сака да го откупи и делот на вториот најголем акционер Усманов. Со неговите 30 проценти, Американецот практично би имал апсолутно мнозинство, но отпорот на навивачите на Арсенал е голем. 

 

Најнови вести