Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

На стадионот на Брајтон бесплатни тампони за жените

Клубот од југот на Англија е прв што воведува ваква мерка

Фудбалскиот клуб Брајтон е првиот премиерлигаш кој одлучи на навивачите од женски пол да им овозможи бесплатно користење на санитарни продукти додека се на стадионот. Во Брајтон се надеваат дека со понудата за бесплатни санитарни услуги во посебни тоалети за понежниот пол ќе придонесат и другите клубови да ги следат нивните чекори и што повеќе жени да доаѓаат на стадионите. 
И Ливерпул и Евертон размислуваат да понудат хигиенски производи во женските тоалети, а идејата која прв ја примени Брајтон, всушност, дојде од три навивачки на шкотскиот Селтик.
Навивачките не мислат дека клубовите треба да бидат терани со сила да го прават тоа, но доколку има желба и расположение, би било добро. Во тоалетите на стадионот во Брајтон ќе има машини на кои бесплатно ќе може да се добијат тампони, санитарни крпи и други производи од сличен карактер кои би им биле добредојдени на навивачките.