Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2017

Трансфер на Божиќ – Дембеле од Селтик во Брајтон

Младиот француски фудбалер Муса Дембеле на празникот Божиќ според грегоријанскиот календар го напушти Селтик и за 18 милиони фунти договори соработка со премиерлигашот Брајтон.

Муса Дембеле е роден во 1996 година, по годините поминати во помладите категории на ПСЖ и на Фулам, првиот професионален договор го доби во лондонскиот клуб.
Потоа, во јуни 2016 година направи трансфер во Селтик, каде што потпиша четиригодишен договор. Во редовите на шкотскиот шампион на 49 натпревари во сите натпреварувања во првата сезона постигна 32 гола, но потоа повредата го оддалечи од теренот.
Оваа сезона, по закрепнувањето од повредата на задниот дел на бутниот мускул, Дембеле играше на 19 натпревари, а постигна осум погодоци. Засега не се објавени други детали од договорот.

Најнови вести