Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2018

Tрипл-дабл на Леброн – Бостон поведе со 2-0

Кошаркарите на Бостон селтикс поведоа со 2-0 во финалната серија на Источната конференција откако во вториот натпревар славеа против Кливленд кавалирс со 107:94.

На овој натпревар на Кавалирс не им беше доволна феноменалната партија на Леброн Џејмс – 42 поени (16/29), 12 асистенции и десет скока.
Бостон повторно со тимска игра успеа да го победи Кливленд и во првите два натпревара успешно го одбрани домашниот терен.
Екипата на Бред Стивенс натпреварот го реши во второто полувреме, кое го доби со 59:39, а посебно важни беа третиот дел и почетокот на четвртиот, кога кошаркарите на Бостон успеаја да направат пресврт и потоа да дојдат до недостижна предност.
Кај Бостон одлично беа распоредени поените, Џејлен Браун постигна 23 и имаше седум скокови, Розир додаде 18, Хофорд оствари учинок од 15 поени и десет скока, додека двоцифрен број имаа уште Морис (12), Тејтум (11) и Смарт (11 поени, девет асистенции и пет скока).
Во поразениот состав, покрај Леброн Џејмс, единствено Кевин Лав беше солиден со 22 постигнати поени и 15 фатени топки. Остатокот од екипата потфрли, особено стартниот бек Џеј Ар Смит, кој за 27 минути не постигна поени – 0/7 од игра.
Серијата сега се сели во Охајо, каде што ќе се одиграат двата наредни натпревари, а следниот на програмата е ноќта меѓу сабота и недела.

Најнови вести