Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2018

Џејмс незапирлив, Кавалирс изедначија на 2-2

Кошаркарите на Кливленд изедначија на 2-2 во победите од серијата со Бостон во финалето на Источната конференција откако во четвртиот натпревар на домашен терен славеа со 111:102.

Како и во третиот натпревар, Кавалирс рано стекнаа голема предност. Селтикс се држеа во првите пет-шест минути, но домашниот тим со Џејмс и Корвет направи голема предност од +19. Леброн полувремето го заврши со 22, Корвер со 14 поени, а во одбраната многу добро одигра Џејлен Браун.
Селтикс не се предаваа и во текот на втората четвртина дојдоа до -9, но тогаш Кавалирс го одбија налетот. На почетокот на третиот дел, Кевин Лав доби петта лична грешка, не долго потоа и Морис на другата страна, а Кавалирс ја чуваа двоцифрената предност.
Леброн одмараше три минути на почетокот на последната четвртина, кога Кавалирс беа на -5, а Бостон се приближи на минус седум поени.
Важна епизодна улога во последниот дел одигра Ненс, а Џејмс цврсто го држеше кормилото и тимот го одведе до победа.
Леброн повторно влезе во историјата бидејќи сега е прв на сите времиња по бројот на шутирања од игра во плејофот, а сега имаше 44 поени (17/28 од игра), пет скока и три асистенции, но и седум изгубени топки. Тоа е шести пат во овој плејоф Џејмс да има 40+ поени, најмногу во кариерата, а единствено Ален Ајверсон во 2001 година имаше шест пати 40+ на натпреварите во ист плејоф.
Корвер остана на 14 поени од првото полувреме, Тристан Томпсон имаше 13 поени, 12 скока и две одбрани, Џорџ Хил додаде 13 поени (6/9 од игра), четири скока и три асистенции, Смит и Лав дадоа по девет поени (3/12 од игра, 11 скока), а Ненс седум.
Најефикасни кај Бостон беа: Џејлен Браун со 25 поени (10/23 од игра) и шест скока, Џејсон Тејтум даде 17 поени (5/13 од игра), Тери Розир имаше 16 (6/15 од игра), шест скока и 11 асистенции, додека Ал Хорфорд 15 поени и седум скокови.
Петтиот натпревар на програмата е во Бостон, ноќта меѓу среда и четврток, од 2.30 по полноќ.

Најнови вести