Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2014

Астон вила го прати Бент во втората лига

Фудбалерот кого своевремено Астон вила го плати 18 милиони фунти на Сандерленд, стана прекуброен во екипата од Бирмингам до таа мера што мора да оди на заем, и тоа во Шампионат лигата?!

Триесетгодишниот Дарен Бент од 2011 година, кога стигна на „Вила парк“ како големо засилување, постигна само 21 гол, одамна го изгуби местото во тимот, поради што една сезона веќе играше на заем во Фулам, каде што, исто така, не успеа да ја го разбуди голгетерскиот инстинкт постигнувајќи само три голови на 24 натпревари.
Ниту оваа сезона Бент не беше во прв план кај Пол Ламберт, менаџерот на Астон вила, кој немаше ништо против напаѓачот да помине еден месец на заем во Брајтон, кого од клупата го води Финецот Сами Хипија.
„Неговиот учинок говори сам за себе. Бент постигна повеќе од сто премиерлигашки голови. Колку има желба да игра и да се врати во форма, се гледа од тоа што се согласи да дојде во тим од втората лига“, изјави Хипија.
Брајтон се наоѓа на 20-тото место во Шампионат лигата.

Најнови вести