Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2016

Ди Матео ја враќа Астон вила во Премиер лигата

Италијанскиот тренер Роберто ди Матео, кој му ја донесе на Челзи единствената титула како првак на Европа, ја презема Астон вила.

Ди Матео во Асон вила доаѓа по сезоната во која некогашниот шампион на Европа испадна од Премиер лигата, но новите сопственици од Кина најавија големи вложувања и експресно враќање во елитниот ранг на англискиот фудбал.
Тој беше без ангажман точно година дена од кога го напушти Шалке, а претходно го водеше Вест Бромич албион и Милтон Кејнс донс .
Фудбалерите на Астон вила минатата сезона завршија на последното, 20-то место на табелата, со само три победи.

Најнови вести