Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2017

Јунајтед по продолженија, драма во Истанбул и Гелзенкирхен

Синоќа имаше многу драма во Лигата на Европа, дури во три од четири дуели се играа продолженија, а пласман во полуфиналето обезбедија Манчестер јунајтед и Шалке.

Само Селта ја заврши работата во 90 минути, одигрувајќи 1-1 во гости против Генк.
Манчестер јунајтед го доби Андерлехт со голот на Рашфорд во продолжението, додека Ајакс успеа да се пласира понатаму, и покрај поразот од Шалке (3-2).
Хенрих Мхитарјан, како и во првиот натпревар, ги доведе во водство „црвените ѓаволи“, и тоа во рана фаза од средбата, кога се играше десеттата минута.
Андерлехт успеа да изедначи со голот на Софијан Хани во 32-рата минута. Белгијците на крајот изборија продолженија, во кои Јунајтед беше лишен од помошта на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот во продолжението на времето доживеа повреда, поради која не можеше да го продолжи натпреварот.
Во дополнителниот половина час, англискиот тим дојде до победа, одлучувачкиот гол го постигна Маркус Рашфорд по асистенцијата на Маруан Фелаини.
Шалке во 90-те минути од реваншот со Ајакс постигна два гола и ја анулираше предноста на Холанѓаните, а потоа во продолженијата Калиџури и по трет пат ја затресе мрежата за домаќините.
Ајакс не се предаде, со двата гола во последните десет минути (Фирхевер и Јунес) намали на 3-2 и благодарение на победата од првиот дуел (2-0), се пласира во полуфиналето.
Тука се уште Селта и Лион, кој во пенал-серијата беше подобар од Бешиташ (7-6). Андерсон Талиска беше стрелец на двата погодока во регуларниот тек на натпреварот, кој турскиот тим го доби со 2-1.
Продолжението не одлучи кој продолжува понатаму, а во пенал-серијата српскиот интернационалец Душко Тошиќ и Хрватот Матеј Митровиќ не ги погодија последните два пенали за Бешикташ, па со тоа беше добиен и последниот учесник во полуфиналето, а тоа е Лион.
Ждрепката за полуфиналето на Лигата на Европа на програмата е денес, како и во Лигата на шампионите.

Најнови вести