Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2018

Лион победи и поцрвене, лудница во Марсеј

И со човек помалку, Марсеј дојде до победа во 93 минута, откако во 89. минута, Стразбур изедначи на 2-2

Олимпик Лион со победата вечерва, и поразот на Лил, се искачи на второто место во францускиот шампионат, како најблизок ривали на неприкосновениот лидер Пари Сен Жермен.

Освен тоа што триумфираше во Дижон со три гола во првото полувреме, екипата на Лион доби и еден црвен картон. Судиите беа расположени за покажување црвени картони, па исклучен беше и играч на домашниот тим.

Црвен картон имаше и во редовите на уште четири екипи, а една од нив беше Олимпик Марсеј. Тимот од југот на Франција долго го држеше водството од 2-1, но во претпоследната минута од регуларните 90, Стразбург изедначи. Кога се чинеше дека двата тима ќе освојат по еден бод, Жермен постигна гол за голема радост на „Велодром“, и Марсеј се искачи на третата позиција, со ист број бодови како вториот Лион.

Резултати: Амиен – Рен 2:1, Бордо – Лил 1:0, Каен – Монпелје 2:2, Дижон – Лион 0:3, Марсеј – Стразбур 3:2, Ним – Гингамп 0:0.

Најнови вести