Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Реал најде напаѓач за 25 милиони евра

Во минатата сезона, Маријано за Лион даде 21 гол, од кои 18 во француската лига

Кога сите реномирани шпански спортски медиуми пишуваат за една иста работа, тогаш работата не е само шпекулација, и затоа со голем процент на веројатност може да се очекува Доминиканецот Маријано Дијаз да се врати во редовите на Реал Мадрид. 
Маријано минатото лето од Реал замина во Лион, таму даде 18 гола во француската лига и беше вистинско откритие. Откупната клаузула за него е 40 милиони евра, но во договорот стои дека ако Реал сака да го врати во своите редови, може да го земе со попуст од 35 проценти. Ова значи дека „кралевите“ може да се купат Маријано за само 25 милиони евра. 
Интерес за Маријано Дијаз имаше од Севилја, но од андалузискиот клуб се откажаа, откако разбрале дека Реал сака да го земе, а европскиот првак има предност при преговорите со играчот. 
Дијаз не сака да му биде резерва на Карим Бензема, но на мадриѓани им треба нов напаѓач, по заминувањето на Кристијано Роналдо. Борха Мајорал не е гаранција, донесен беше само Винисиус, но бразилскиот талент има само 18 години, и одлучено е на мечевите кога тој нема да биде во првиот тим како што беше случај викендов, да игра за Кастиља (Реал Мадрид Б). 

 

Најнови вести