Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2017

Јувентус го зеде на заем Хеведес од Шалке

Бенедикт Хеведес, дефанзивниот играч на Шалке, ќе игра на заем во Јувентус до крајот на сезоната, соопшти шампионот на Италија.

Дваесет и деветгодишниот Хеведес целата кариера ја помина во Шалке и шест години беше капитен на „рударите“.
Јувентус наведе дека за дефанзивниот играч платил 3,5 милиони евра, но дека трансферот би можело да достигне до 13,5 милиони евра ако Хеведес одигра 25 натпревари оваа сезона.
Јувентус, исто така, има можност на крајот на сезоната да го откупи договорот на германскиот репрезентативец за 3,5 милиони евра.
Хеведес одигра 44 натпревари за Германија, со која го освои Светското првенство во Бразил 2014 година.
„Црно-белите“ оваа сезона се обидуваат да ја освојат седмата последователна титула во Италија, но и толку чеканата Лига на шампиони.
Екипата на Масимилијано Алегри игра во групата на Лигата на шампионите против Барселона, Олимпијакос и Спортинг од Лисабон.

Најнови вести