Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2017

Ѕола го напушти Бирмингам по четири месеци

Италијанскиот стручњак Џанфранко Ѕола веќе не е тренер на Бирмингам, тој поднесе оставка на таа функција.

Ѕола на клупата на Бирмингам беше само четири месеци, тимот го водеше на 24 натпревари, а победи само два пати.
Оставката ја поднесе по вчерашниот пораз од Бартон.
Ова е втор пат Италијанецот да поднесе оставка на местото тренер во англискиот клуб, претходно така го напушти Ватфорд во 2013 година.
Бирмингам моментно се наоѓа на 20-тото место на табелата на Шампионат лигата со 47 бодови, односно има три повеќе од Блекбурн, кој е прв во зоната на испаѓање.
До крајот останаа да се играат уште три кола.

Најнови вести