Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2012

Хотон нов тренер на Норвич

Крис Хотон е името на новиот менаџер на Норвич, наведуваат англиските медиуми.

Оваа вест би требало да добие и официјална потврда во текот на денот, веднаш по попладневната прес-конференција.
„Канаринците“, коишто оваа сезона завршија на дванаесеттата позиција во Премиер лигата, неодамна останаа без менаџерот Пол Ламберт, кој седна на клупата на Астон вила.
Педесет и тригодишниот Хотон десет години во Тотенхем го стекнуваше тренерското знаење работејќи како помошник, а потоа ги предводеше Њукасл и Бирмингам.
Во Норвич сега од него очекуваат да ја продолжи одличната работа на Ламберт, што ќе биде екстремно тешко знаејќи дека поранешниот тренер во две сезони по ред го одведе клубот од третата до првата лига.

Најнови вести