Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2011

Чиле суспендира пет репрезентативци

Селекторот на репрезентацијата на Чиле Клаудио Борги поради недисциплина од составот исфрли петмина играчи пред квалификациските натпревари за Светското првенство 2014 година.

Суспендираните репрезентативци за време на подготовките за натпреварите против Уругвај и Парагвај во вторникот имаа слободно време од попладнето до десет часот навечер, но во хотелот се вратија подоцна и во алкохолизирана состојба.
„Задоцнија 45 минути, а тоа не им личи на државни репрезентативци и професионални фудбалери. Затоа одлучив да ги отстранам од националниот тим“, изјави Борги.
Суспендирани се играчите: Артуро Видал (Јувентус), Хорхе Валдивија (Палмеирас), Карлос Кармона (Аталанта), Жан Босежур (Бирмингам) и Гонзало Хара (Брајтон).
„Не го испочитуваа усниот договор“, наведе Борги, кој во националниот тим на нивно место повика играчи од домашните клубови – Фелипе Гутиерез, Франсиско Силва, Фернандо Менесес, Милован Мирошевиќ (У. Католика) и Хосе Рохас (Унив. де Чиле).
Во јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2014 Чиле игра во петок, на гостински терен против Уругвај, а следниот вторник го дочекува Парагвај.

Најнови вести