Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2016

Де Јонг во Галата за пет милиони евра годишно

Холандскиот фудбалер Најџел де Јонг се враќа во Европа по епизодата во американската МЛС-лига.

Поранешниот играч на Манчестер сити и Милан потпиша двегодишен договор со Галатасарај.
Галатасарај соопшти дека Де Јонг ќе заработи најмалку пет милиони евра, но и дека би можело да добие бонус од 250.000 евра доколку одигра 25 натпревари.
Холанѓанецот за секој постигнат гол ќе заработи 5.000 евра. Во кариерата вкупно даде 28.
Де Јонг има 31 година, кариерата ја почна во Ајакс, а настапуваше и за Хамбургер.
За репрезентацијата на Холандија настапи 81 пат и со неа играше во финалето на Светското првенство 2010 година, каде што остана запаметен по кунг-фу стартот над Чаби Алонсо од Шпанија.

Најнови вести