Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2015

Фелипе Мело потпиша за Интер

Бразилецот Фелипе Мело е ново засилување на италијанскиот гигант Интер од Милано.

За трансферот на играчот за врска „нераѕурите“ ќе му платат три милиони евра на турскиот Галатасарај.
Со оглед на тоа дека Галатасарај прво бараше десет милиони, веројатно во трансферот е вклучен и бонус од неколку милиони евра.
Како дел од трансферот на Мело се шпекулира дека во Галатасарај ќе отиде Јуто Нагатомо.
Мело веќе има искуство во Серија А, играше за Фиорентина и за Јувентус пред да се пресели во Истанбул во 2011 година.
Во текот на кариерата настапуваше уште за: Фламенго, Крузеиро, Гремио, Малјорка, Расинг Сантандер и Алмерија.
За репрезентацијата на Бразил настапи 22 пати и постигна два гола.
Во Интер ова лето стигнаа: Жофреј Кондогбија, Миранда, Џејсон Мурилјо, Мартин Монтоја и Стеван Јоветиќ.

Најнови вести