Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Модриќ се договори со Интер, се чека Реал Мадрид

Хрватот утре треба да има разговори со челниците на „кралскиот клуб“

Најдобриот фудбалер на Светското првенство во Русија, Лука Модриќ ги договорил личните услови со Интер и сега останува само Реал Мадрид да даде „зелено светло“ за реализација на трансферот. 
Интер јавно покажа интерес за Модриќ, а Хрватот и лично разговарал со тренерот на „нераѕурите“ Лучано Спалети. Сепак, за да има реализација на трансферот мора да има договор и со челниците на Реал Мадрид. 
Доколку се случи овој трансфер, Реал ќе остане без двајцата најдобри играчи за само неколку недели. Летово за сума од 112 милиони евра, Кристијано Роналдо дојде во Јувентус. Сега е ред Интер да се засили и тоа со најдобриот играч од неодамна завршениот Мундијал во Русија. 
Модриќ дојде во Реал во 2012 година, за сума од 35 милиони евра. Сега една од варијантите е Лука да дојде во Интер како позајмен играч за 15 милиони евра, а следното лето да бидат доплатени плус 25 милиони евра за да се откупи целокупниот договор. 

 

Најнови вести