Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2015

Фенербахче му ја препушти титулата на Галатасарај

Фудбалерите на Галатасарај се новите шампиони на Турција, откако Фенербахче ремизираше во претпоследното коло и остана на пет бодови од најголемиот ривал.

Фенербахче со другиот градски ривал Бујукшехир одеше на сè или ништо, а тоа домаќинот го искористи со погодоците на Батдал и поведе со 2-0 на половина час пред крајот на средбата.
Во 81-вата минута Диего го намали резултатот, а иако само три минути подоцна Топуз доби црвен картон, на две минути пред крајот Пјер Вебо изедначи. Но, Фенербахче не успеа да направи спектакуларен пресврт.
Во продолжението на времето, гостите буквално полудеа, во рок од четири минути беа исклучени Бруно Алвеш, Еркин и Вебо, па Фенербахче натпреварот го заврши само со седуммина играчи на теренот.
Во меѓувреме Бадтал не погоди пенал за хет-трик. Неговиот тим го задржа четвртото место, кое води во Лигата на Европа, има два бода повеќе од Бурсаспор пред последното коло.
Сигурен претставник на Турција во Лигата на Европа е третопласираниот Бешикташ, Фенербахче ќе игра во квалификациите, а Галатасарај директно во Лигата на шампионите.
Галатасарај ја освои јубилејната 20-та титула, додека Фенербахче остана на 19.

Најнови вести