Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2017

Тудор доби отказ од Галатасарај

Хрватскиот стручњак Игор Тудор доби отказ на местото тренер на Галатасарај по поразот на клубот од Истанбул против Јени Малатијаспор во 16-тото коло.

Новиот прволигаш Малатијаспор вчера го совлада Галатасарај на домашен терен со 2-1, по многу лошата игра на избраниците на Тудор.
Управата на познатиот клуб поради тоа се одлучи да го промени тренерот, иако состојбата на табелата е далеку од неповолна. Галатасарај по 16 одиграни кола, има само еден бод помалку од лидерот Башакшехир (33:32), но и полош скор во дуелите и во дербијата. Галатасарај оваа сезона против Башакшехир изгуби со 5-1, против Бешикташ со 3-0, додека дуелот со Фенербахче беше завршен 0-0.
Триесет и деветгодишниот Хрват на клупата на Галатасарај дојде во февруари оваа година, а според потпишаниот договор, требаше да остане тренер до летото 2018 година.
Сега на негово место привремено ќе дојде Емрах Бајрактар, тренерот на фудбалската академија на Галатасарај, додека турските медиуми пишуваат дека главен кандидат за постојана работа е познатиот Фатих Терим, кој веќе три пати ги има водено „жолто-црвените“.

Најнови вести