Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2017

Терим по четврти пат на клупата на Галатасарај

Легендарниот турски фудбалски стручњак Фатих Терим по четврти пат во кариерата ќе стане тренер на Галатасарај.

Терим веста ја потврди синоќа на „Твитер“. Шеесет и четиригодишниот фудбалски стручњак со Галатасарај шест пати беше шампион на Турција, а во 2000 година го освои Купот на УЕФА.
Овој пат на клупата на Галатасарај тој ќе го наследи Хрватот Игор Тудор, кој пред неколку дена доби отказ.
Најтрофејниот турски клуб по двата пораза во последните три натпревари се наоѓа на третото место на табелата на Суперлигата, со еден бод помалку во однос на првопласираниот Башакшехир.
Терим изминатото лето беше разрешен од местото селектор на турската репрезентација поради тоа што учествувал во расправија во еден ресторан, а негов најголем успех беше пласманот во полуфиналето на Европското првенство одржано во 2008 година во Австрија и Швајцарија.
За време на играчката кариера беше на позицијата одбранбен играч, а боите на Галатасарај ги бранеше 11 години, од 1974 до 1985, одигрувајќи 327 натпревари во коишто постигна 16 погодоци.
Во текот на неговата долга кариера од три децении водеше неколку турски и италијански клубови, меѓу кои се Фиорентина и Милан.

Најнови вести