Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2015

Галатасарај го отпушти Хамзаолу

Галатасарај и тренерот Хамза Хамзаолу спогодбено ја раскинаа соработката, соопшти клубот од Истанбул.

Галатасарај по 11 одиграни кола се наоѓа на третото место на турскиот шампионат со 21 бод, пет бодови помалку од првопласираниот Бешикташ, а три помалку од вториот Фенербахче.    
Клубот од Истанбул во Лигата на шампионите успеа да запише само една победа во четири кола и се наоѓа на третото место во групата Ц.
Хамзаолу на клупата на Галатасарај седна пред година дена, во ноември 2014 година, на местото на Чезаре Прандели.

Најнови вести