Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2016

Валенсија повторно без тренер, Прандели поднесе оставка

Чезаре Прандели поднесе оставка на местото тренер на Валенсија.

Во образложението Прандели навел дека клупата на Валенсија ја напушта бидејќи му било ставено до знаење дека нема да има пари за засилувањата коишто му биле ветени за јануари.
Прандели во Валенсија помина само 90 дена, а на овој чекор се решил по консултациите со управата на клубот.
Валенсија сега е во потрага дури по трет тренер во оваа сезона, откако пред Прандели на клупата седеше Пако Ајестаран. Прандели е дури деветти тренер кој ги водеше „лилјаците“ во претходните четири години.
Валенсија по 16 одиграни кола, се наоѓа на работ од зоната за испаѓање само со 12 освоени бода.

Најнови вести