Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Меч на денот: Понеделнички фудбалски празник на „Месталја“, Валенсија го пречекува Атлетико Мадрид

Две екипи кои негуваат сличен стил на фудбал ќе ги одмерат силите уште во првото коло во Ла Лига

Дербито Валенсија - Атлетико Мадрид ќе го обележи првото коло во Ла Лига. Избраниците на Ел Чоло ќе покажат дали шампионските амбиции се оправдани или, пак, ќе паднат на првиот потежок тест во новата сезона. „Јорганџиите“ доаѓаат максимално мотивирани, на „Месталја“ не знаат за пораз од 2014 година, а во последните седум меѓусебни дуели против Валенсија, дури пет пати завршувале како победници. 

„Лилјаците“, пак, со нови напаѓачки сили ќе се обидат да ја растурат цврстата одбрана на тимот од Мадрид. Доскорешниот голгетер на Атлетико, Кевин Гамеиро, ќе има можност да дебитира во дресот на Валенсија токму против својот поренешен клуб, а воедно ќе може да му докаже на Симеоне дека згрешил што се ослободил од него. Батшуаји е вториот напаѓач на Валенсија, кој едвај чека да блесне на шпанските фудбалски терени. Белгиецот одново го напушти Челзи на привремен период, а се надева дека Валенсија ќе му биде местото каде што ќе почне редовно да ги тресе мрежите.

Што се однесува за составите, Симеоне се соочува со проблеми на левата бековска позиција. Лукас Ернандес е суспендиран поради заработен црвен картон во последното коло од минатата сезона против Еибар, додека Филипе Луисе во преговори за трансфер во ПСЖ, па засега не е познато дали вечер за последен пат ќе настапи во дресот на Атлетико. За тренерот Марселино, недостапен е само Кокелен, кој веќе подолго време се закрпенува од повреда на Ахиловата тетива.

Според нашата понуда, минимална предност има Атлетико Мадрид, за победа на гостите квотата е 2.35, за „кец“ на Валенсија е 3.20, односно 3.10 за реми.

Најнови вести