Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2017

Меси постигна четири погодоци, Заза хет-трик, 11 голови на два натпревари

Барселона го разби Еибар во петтото коло на Ла Лига со 6-1 по неверојатното второ полувреме на Лионел Меси. Аргентинецот постигна дури четири гола.

Ако не се брои пеналот во 20-тата минута со којшто поведе Барселона, Марко Димитровиќ , голманот на Еибар, добро бранеше од Аргентинецот.
Клучни тројца играчи на овој натпревар беа Паулињо, Меси и Денис Суарес. Токму Суарес му асистираше на Паулињо за вториот гол на Барселона во 38-мата минута.
Паулињо покажа мајсторија во 53-тата минута, кога топката испратена низ средината ја пропушти низ нозете, топката отиде на страната на Меси, а тој беше себичен и сакаше сам да го реши нападот. Димитровиќ му одбрани, а топката се одби до Денис Суарес и тоа беше 3-0 за Барса во 53-тата минута.
Од тој момент почна шоуто на Меси, а секоја акција најавуваше гол. Аргентинецот погоди во 59-тата, во 62-рата и во 87-мата минута. Поразот успеа да го ублажи Енрих во 57-мата минута.
Меси против Еибар ги постигна неговите 300-ти, 301-ви, 302-ри и 303-ти гол на „Камп ноу“, од почетокот на сезоната двапати имаше хет-трик, а на пет натпревари веќе има девет голови.
Фудбалерите на Валенсија на нивен терен ја победија Малага со 5-0. Валенсија по трите последователни ремија, успеа да дојде до триумф и со тоа до денес да дојде до третото место со девет бодови, додека Малага е последна, 20-та без бодови.
До предност „лилјаците“ дојдоа со голот на Санти Мина во 17-тата минута, а Симоне Заза во 50-тата погоди за 2-0, а само пет минути подоцна тој зголеми на 3-0.
Заза неговиот хет-трик го комплетира уште во 63-тата минута, а конечните 5-0 ги постави Родриго во 86-тата минута.

Најнови вести