Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

И соседите соработуваат, Валенсија го позајми Черишев од Вилјареал

Валенсија го ангажира и третото засилување за новата сезона, а на „Месталја“ доаѓа Денис Черишев како позајмен играч од ривалот од соседството, Вилјареал

Черишев одигра одличен Мундијал во дресот на Русија и повторно го сврте вниманието кон себе, па најбрза беше Валенсија. Популарните „лилјаци“ беа упорни да го ангажираат одличниот стрелец и го позајмија од Вилјареал за следната сезона. Двете екипи се големи ривали, од областа Валенсија, но тоа не ги спречи повторно да соработуваат. Во 2017 година и тренерот Марселињо се пресели од редовите на Вилјареал во Валенсија, а сега по истиот пат тргнува и Черишев.

 

Најнови вести