Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Реал Мадрид го почести соседот Леганес со 4 погодоци

Реал Мадрид лесно го доби локалното дерби со Леганес и славеше победа со 4:1 во меч од третото коло во Ла Лига

Реал Мадрид игра одлично на стартот од сезоната во Шпанија, иако остана без главната ѕвезда Кристијано Роналдо. Вечерва со 4:1 актуелниот европски првак го доби локалното мадридско дерби со Леганес. Бензема погоди двапати, по еднаш прецизни беа Бејл и Рамос од пенал, за убедлив триумф со три голови разлика. За гостите стрелец беше Карилјо од пенал.
По првиот дел беше нерешено, 1:1, а ВАР технологијата му даде крилја на фаворитот во 50. минута.
Бензема постигна гол, веднаш реагираше судијата Латре и го поништи погодокот, но потоа одлучи да ја искористи модерната технологија за репетиција на спорните моменти. ВАР технологијата јасно покажа дека голот на Бензема е регуларен, па Реал поведе со 2:1. Потоа се беше полесно за фаворитот, а на крајот победата е убедлива, 4:1 за европскиот првак.

 

Најнови вести