Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2017

Валенсија има проблеми – повредени Гедес и Гарај

Гонсало Гедес, талентираниот напаѓач на Валенсија, еден месец ќе биде надвор од теренот поради повреда на стапалото заработена во ремито со Барселона (1-1) во Примера лигата.

Гедес го одигра целиот натпревар против каталонскиот тим, но подоцна било утврдено дека мора да оди на операција на метатарзалната коска.
Овој 20-годишен фудбалер оваа сезона одлично игра на заем во Валенсија од ПСЖ и даде голем придонес за екипата која е хит на првенството бидејќи се наоѓа на второто место на табелата само со четири бода помалку од Барселона.
На вчерашниот натпревар на „Месталја“ се повреди и Езекиел Гарај, стоперот на „лилјаците“, па и него го чека кратка пауза.

Најнови вести