Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2016

Прандели има јасна цел со Валенсија – Лигата на шампионите

Италијанецот вчера беше претставен како нов тренер на Валенсија и откри кои му се примарните цели на „Месталја“.

Чезаре Прандели вчера потпиша договор со Валенсија до 2018 година, а во првото обраќање до јавноста изјави дека примарна цел му е враќање во Лигата на шампионите.
„Мислам дека Валенсија има интересен проект. Многу сум оптимист. Во тимот има доста интересни играчи и моја цел е да донесам баланс во играта. Мојата главна цел е враќање во Лигата на шампионите, но размислувам долгорочно, да направиме тим кој може во наредните сезони да игра во Европа. Тоа може да биде наредната, а можеби за две сезони“, изјави Прандели.
„Сакам да имаме изразен тимски дух. Знаеме дека топката не може да биде постојано кај нас и затоа мораме да бидеме обединети и да имаме јасни идеи. Ќе бидам многу прецизен и јасен во својата работа. Во Валенсија гледам долгорочен и успешен проект“, додаде италијанскиот тренер.
Валенсија по седум одиграни кола, има шест освоени бодови и се наоѓа на 17-тата позиција на табелата.

Најнови вести