Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2015

Брума на заем во Реал Сосиедад

Брума, младиот напаѓач на Галатасарај, наредната сезона ќе ја помине на заем во Реал Сосиедад.

Шпанскиот клуб има можност по истекувањето на заемот, да го откупи договорот на 20-годишниот Португалец.
Брума во Галатасарај стигна во 2013 година од Спортинг, а минатата сезона на 33 натпревари постигна три погодоци и имаше шест асистенции.
„Ова е голем чекор за мене и шанса да напредувам и како човек и како фудбалер. Се надевам дека со својата работа ќе му помогнам на клубот да ги оствари своите цели“, изјави Брума.
Дека станува збор за голем талент, говори податокот дека Брума играше за сите млади селекции на Португалија и постигна повеќе од 20 голови.

Најнови вести