Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2017

Галатасарај го спасува Ебуе од работ на амбисот

Фудбалскиот клуб Галатасарај одлучил да му помогне на поранешниот играч Емануел Ебуе, кој неодамна изјави дека помислувал на самоубиство.

Ебуе по тешкиот развод и лошото водење на финансиите е одвоен од трите деца, па тоа беше поводот да посака да се убие.
Управата на Галатасарај реши да му помогне, на бекот од Брегот на Слоновата Коска му понудил да биде помошен тренер во младата селекција до 14 години.
Како што пишуваат турските медиуми, Ебуе ќе биде примен како помошник на барање на Фатих Терим, кој неодамна по четврти пат дојде на клупата на тимот од најголемиот град на Турција.
Ебуе го носеше дресот на Галатасарај откако направи трансфер од Арсенал во 2011 сè до 2015 година и клубот на овој начин сака да му се оддолжи на африканскиот играч за сè што направи додека го носеше дресот на „црвено-жолтите“.
Деталите за висината на примањата некогашниот финалист на Лигата на шампионите Галатасарај не ги објави, но има информации дека тие ќе бидат пристојни. Ебуе пред Галатасарај, од 2004 до 2011 година го носеше дресот на Арсенал.

Најнови вести