Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Турскиот селектор отпуштен поради тепачка

Темпераментниот шеесет и тригодишен турски селектор Фатих Терим ја изгуби работата.

Селекторот на фудбалерите на Турција се степал со сопственикот на еден ресторан, поради што Фудбалската федерација на Турција го раскинала договорот за соработка со него.
Водечкото фудбалско тело на Турција таа информација ја пренесе вчера, по неколку седмици откако дошло до тепачката.
Во неа покрај Терим, учествувале и неговите два зета. Федерацијата во соопштението навела дека работите кои не се од фудбалска природа пречат и на едната и на другата страна.
Поради тоа било констатирано дека најдобро е да се раскине договорот со селекторот, а на Терим му била упатена благодарност за досегашната работа. Фатих Терим го водеше турскиот национален тим од 2013 година.
Претходно беше тренер на Галатасарај, Милан и Фиорентина. Сè уште нема никаква изјава за потенцијална замена.

Најнови вести