Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2015

Турската лига суспендирана на седум дена

Турската фудбалска Суперлига е суспендирана на една седмица поради вооружениот напад на автобусот на Фенербахче.

Суспензијата стапува на сила од денес, а вчера беше одигран последниот натпревар од 26-тото коло меѓу Бешикташ и Басакшехир.
Оваа одлука е донесена по состанокот на раководството на лигата со министерот за спорт на Турција, Афик Чагатај Килиќ. Фенербахче бараше шампионатот на Турција да биде прекинат сè додека не се пронајдат напаѓачите.
Фенербахче ќе ја бојкотира лигата сè додека не се пронајдат виновниците. Нападот, во кој беше повреден возачот на автобусот, се случил во саботата, додека играчите се враќале во Истанбул по победничкото гостување кај Ризеспор (5-1). Тие од градот Ризе тргнале кон аеродромот во соседниот град Трабзон.
Нападот го осудија турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турските клубови.

Најнови вести