Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2014

Турција без шест играчи против Чешка

Репрезентацијата на Турција ќе биде десеткувана во дуелите со Чешка и Летонија бидејќи поради повреди од тимот ќе отсуствуваат дури шест фудбалери.

Фатих Терим, селекторот на Турција, најмногу проблеми има во одбраната, повредени се голманот Волкан Демирел и дефанзивните играчи на Баерн Минхен и Шалке, Омер Топрак и Кан Ајхан.
Освен споменатите тројца, повредени се и Хакан Чалханоглу, фудбалерот на Баер Леверкузен, кој има проблеми со листот, напаѓачот на Бешикташ Мустафа Пектемек, кој го повреди квадрицепсот, а Бурак Јилмаз, фудбалерот на Галатасарај, го повреди стапалото.
Како замена се повикани Мерт Гунок, голманот на Фенербахче, како и напаѓачите на Касимпаша, односно Газијантеп, Адем Бујук и Мухамет Демир.
Турција покрај повредените играчи, има и лош старт во квалификациите, во првиот натпревар од групата А во квалификациите за Европското првенство 2016 година е поразена од Исланд (3-0).
Тимот на Фатих Терим на свој терен во петок ја дочекува Чешка, додека во понеделник гостува кај Летонија.

Најнови вести