Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2015

Суспензија од 10 месеци за претседателот на Трабзонспор, два меча без публика

Претседателот на Трабзонспор е суспендиран на 10 месеци откако минатата недела наредил арбитрите на натпреварот против Газијантеп да бидат заклучени затоа што не бил задоволен од нивното судење.

Фудбалскате федерација на Турција го казни челникот на Трабзонспор, Ибрахим Хаџиосманоглу, и парично со 48.500 евра.
Хаџиосманоглу им наредил на клупските официјални лица да го заклучат главниот судија и неговите помошници во соблекувалната додека тој не дојде на стадионот затоа што не бил досуден пенал за неговиот тим на средбата која заврши со реми, 2-2.
Судиите биле ослободени дури по четири часа, откако интервенирал Претседателот на Турција, Реџеп Ердоган.
Арбитрите го напуштиле стадионот во полициска придружба, а бесните навивачи на Трабзонспор по нив фрлале камења и шишиња.
Поради инцидентот на повеќе од една година се суспендирани уште четири официјални лица на клубот.
Трабзонспор ќе мора и следните два натпревари дома да ги игра без присуство на навивачи.

Најнови вести