Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2017

Арда надвор од редовите три седмици

Арда Туран, капитенот на фудбалската репрезентација на Турција, ќе отсуствува од теренот најмалку три седмици поради повредата со која се здоби на натпреварот со Молдавија.

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека турскиот интернационалец Арда Туран ќе отсуствува од теренот најмалку три седмици поради повреда на мускулот.
Капитенот на репрезентацијата на Турција вчера се врати од Барселона и ги направи дополнителните прегледи на коишто е установено дека има повреда на мускулот на десната нога.
Доколку Арда Туран отсуствува само три седмици, ќе пропушти најмалку пет натпревари, меѓу кои четири во Примера лигата и првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Јувентус.
Турскиот интернационалец не може да се пофали со местото стандарден првотимец во Барса бидејќи во досегашниот тек на сезоната почна само тринаесет првенствени натпревари, но и покрај тоа, исклучително е важен во ротацијата и неговото отсуство ќе биде почувствувано.
Арда во претходните седум дена два пати настапи за репрезентацијата на Турција, која во квалификациите за Мундијалот прво ја совлада Финска, а потоа ја победи и Молдавија во пријателската средба.

Најнови вести