Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2015

Повреда на Робен, нема да игра против Турција

Холандија на гостувањето во Турција ќе биде без својот нов капитен Арјен Робен, кој се повреди во поразот од Исланд.

Холандија ја следат неволји во текот на квалификациите за Европското првенство, а последна во низата е повредата на напаѓачот на Баерн Минхен.
Робен поради проблеми со препоните нема да може да игра во Турција, а потенцијални замени се Нарсинг и Промес.
Холанѓаните ги разочараа навивачите со поразот од Исланд 1-0, а тоа го искористи Чешка со пресвртот против Казахстан од 2-1, но не и Турција со ремито од 1-1 со Летонија.

Најнови вести