Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2018

Официјално: Куман селектор на Холандија

Роналд Куман е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, потврди Фудбалскиот сојуз на земјата.

Куман потпишал договор до завршувањето на Светското првенство во Катар 2022 година. Според тоа, јасно е дека примарна цел ќе биде пласман на „лалињата“ на Светското првенство.
Холанѓаните не успеаја да се пласираат на Мундијалот во Русија, па јасно е зошто е поставен Куман.
Искусниот стручњак минатата есен доби отказ во Евертон поради многу лошиот старт на сезоната.
Претходно беше тренер на голем број клубови, меѓу останатите на Ајакс, ПСВ, Валенсија, Бенфика, а работеше и како асистент на тренерот во Барселона, односно му беше помошник и на Гус Хидинк кога беше селектор на Холандија.

Најнови вести