Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2018

ПСВ го растури Ајакс и ја освои титулата

Фудбалерите на ПСВ од Ајндховен станаа шампиони на Холандија по 24-ти пат во клупската историја.

Фудбалерите на ПСВ новиот трофеј го освоија на најубав можен начин, со убедлива победа над големиот ривал Ајакс со 3-0 во Ајндховен.
Гастон Переиро и Лук де Јонг го растурија Ајакс уште во првото полувреме, додека конечниот резултат во продолжението го постави Стивен Бергвајн.
Тимот на Филип Коку има 80 бода по 31 одигран натпревар, недостижни десет повеќе од Ајакс на три кола пред крајот на сезоната.
Ова му е трета титула на ПСВ во последните четири сезони.

Најнови вести