Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2015

Галатасарај и Турција без Јилмаз следниот месец

Бурак Јилмаз, напаѓачот на Галатасарај, ќе паузира еден месец поради повреда на бутниот мускул, соопшти турскиот клуб.

Јилмаз се повреди минатиот викенд, на натпреварот против Трабзонспор.
Репрезентацијата на Турција со тоа ќе биде ослабена пред одлучувачките натпревари од квалификациите за Европското првенство 2016 година против Чешка и Исланд, коишто на програмата се на средината на октомври.
Галатасарај нема да може да смета на Јилмаз во натпреварите од Лигата на шампионите против Астана и Бенфика.
Клубот од Истанбул изгуби во првиот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид на свој терен со резултат 2-0.

Најнови вести