Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2015

Снајдер: Можеме без Робен и без Ван Перси

Весли Снајдер верува дека репрезентацијата на Холандија може да победи во Турција во квалификациите за Европското првенство 2016 година и без Арјен Робен и Робин ван Перси.

Робен натпреварот против Турција ќе го пропушти поради повреда на абдоминалниот мускул, додека Ван Перси веќе подолго време е отсутен поради проблеми со коленото.
„Можеме да оствариме добар резултат и без нив двајца. Арјен и Робин многу ќе ни недостасуваат, но сме биле во вакви ситуации“, изјави Снајдер.
Тој додаде дека искусните репрезентативци, како него, Клас-Јан Хунтелар и Најџел де Јонг имаат задача да ги поддржат младите играчи.
Холандија има шест освоени бодови од четири натпревари и се наоѓа на третото место во групата А, додека прва е Чешка со максимален учинок.
Натпреварот Холандија – Турција се игра во сабота, на 28-ми март, од 20.45 часот на стадионот на Ајаск во Амстердам.

Најнови вести