Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2014

Фенербахче 19-ти пат шампион на Турција

Фудбалерите на Фенербахче ја освоија 19-тата шампионска титула на Турција, откако во Истанбул, во натпреварот од 31-вото коло, одиграа без голови против Ризеспор.

На три кола пред крајот на сезоната, Фенербахче има недостижни 12 бодови повеќе од досегашниот шампион Галатасарај.
Галатасарај го искористи поразот на Бешикташ од Сиваспор (3-0) и со минимална победа над Елјазигспор во гости се пласира на втората позиција на табелата, која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести