Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2017

Гроскројц го засили Дармштад

По еден месец откако поради тепачка доби отказ во Штутгарт, Кевин Гроскројц има нов клуб.

Кевин Гроскројц доби отказ во Штутгарт на трети март, кога се дозна дека учествувал во тепачка во еден бар. Не му беше потребно многу време за да најде нов ангажман, бидејќи се чини дека на Дармштат повеќе му треба неговата помош отколку што ги интересира што работи тој во слободното време.
Фенерџијата од Бундеслигата го ангажираше Гроскројц, кој за клубот ќе претставува големо засилување за следната сезона во која, судејќи според сè, ќе го чека борба за враќање во елитата.
Гроскројц со новиот клуб потпишал договор до 2019 година, а Торстен Фрингс, тренерот на Дармштад, изјави дека е исклучително задоволен од новото засилување и од тоа што ќе има шанса да работи со играч кој ја освоил светската шампионска титула.