Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2014

Скрипник потпиша договор на три години со Вердер

Виктор Скрипник, тренерот на Вердер од Бремен, потпиша договор на три години по успешниот старт на кампањата за спасување на клубот од испаѓање.

Скрипник, кој за Вердер играше од 1996 до 2004 година, го замени Роберт Дут, откако клубот беше на самото дно на табелата.
Германскиот шампион од 2004 година со украинскиот стручњак победи на два од три бундеслигашки натпревари и се искачи за едно место погоре на табелата.
„Сакаме што побрзо да побегнеме од зоната на испаѓање и да работиме на развој на клубот“, изјави Скрипник.
Неговиот помошник Торстен Фрингс, исто така, потпиша нов договор до 2017 година.

Најнови вести