Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2013

Фрактура на дланката на Селасие

Теодор Гебре Селасие, бекот на Вердер од Бремен, ја скрши дланката на левата рака на тренинг, па ќе отсуствува подолго време.

Црномурниот чешки репрезентативец ќе мора со операција да ја реши фрактурата на коската на дланката, а од Вердер немаат соопштено колку долго се очекува да паузира.
Томас Шаф, тренерот на Вердер, се надева дека паузата на натурализираниот Чех нема да трае многу долго, но вообичаено е за ваква повреда да паузира една до две седмици, а потоа фудбалерот може да игра со заштитна обвивка на дланката.
Вердер има проблеми уште со тројца повредени играчи, вчера не тренираа Австријците, централниот дефанзивен играч Себастијан Предл, како и двата офанзивни играчи - Марко Арнаутовиќ и Златко Јунузовиќ, кој има проблеми со мускулите.
Настапот на триото од Австрија во сабота (15.30) против Фрајбург е неизвесен. Вердер Бремен моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата на Бундеслигата со 28 бодови, а се наоѓа во серија од две победи. Фрајбург е петти.

Најнови вести