Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2014

Гинтер дојде, Хумелс заминува од Борусија Дортмунд?

Германскиот вицешампион Борусија Дортмунд постигнал договор со Фрајбург за трансфер на одбранбениот фудбалер Матијас Гинтер.

Дваесетгодишниот Гинтер ги поминал сите младински категории во Фрајбург, а Борусија за него платила околу 10 милиони евра.
„Матијас е силен и свестран фудбалер. Долго го следевме и задоволни и горди сме што ќе игра во нашиот клуб. Ќе биде од голема корист во следната сезона затоа што имаме големи амбиции во сите три натпреварувања“, изјави спортскиот директор на „милионерите“, Михаел Цорк.
Гинтер, кој беше дел од шампионската германска репрезентација во Бразил, важи за еден од најперспективните одбранбени фудбалери во Германија, а останува да се види дали неговото доаѓање е замена за Матс Хумелс за кого е заинтересиран Манчесте јунајтед.

Најнови вести